Ви се случило да треба да скратите некој линк, а да немате компјутер во близина? Целосната верзија на сајтот е преголема за вашиот мобилен телефон? Од денес започнува со работа уште една верзија на сервисот наменета за користење преку вашите мобилни телефони.
Верзијата ги содржи (според нас) најнеопходните алатки и тоа кратење на долг линк (со или без внесување на наставка) и преглед на вашите 10 последни скратени линкови.
За пристап до оваа верзија едноставно внесете http://0.mk во прелистувачот на вашиот мобилен телефон и автоматски ќе бидете префрлени до потребната локација, или директно со внесување на http://m.0.mk.
За сите забелешки, проблеми или идеи ве молиме оставете коментар под овој пост или контактирајте не.

Помина и првата година од стартувањето на сервисот, исполнета со многу подеми и падови, позитивни и негативни критики… од се по нешто… позитивните не мотивираа за да продолжиме, а негативните уште повеќе не мотивираа да го подобриме сервисот.
По првите успешни 7 месеци излезе и втората верзија на сервисот која на наше огромно задоволство беше одлично прифатена од корисниците.
Со втората верзија се воведени и корисничките профили кои што придонесоа уште повеќе да се зголеми бројот на корисници на сервисот. Дополнително во наредниот период и API-от доби своја втора верзија, а беше воведен и RSS канал со линкови на корисниците.
Не треба да се заборави и огромната поддршка од самите корисници кои придонесоа кон подобрување на сервисот, тука вреди да се споменат екстензијата за Google Chrome (credits goes to @zuberot, @krcko_kr, @skechboy) и екстензијата за Mozilla Firefox (Спасе Мицевски).
Успешната работа на сервисот во изминатата година(покрај одличните позитивни презентации од страна на медиумите) ја запечатуваме со освоеното прво место на “Веб дизајн предизвикот” организиран од страна на IT.com.mk и MkHost
Еве и некои статистики за изминатиот период
(во моментот кога е постот пишуван)
Вкупно скратени линкови 25.332 и 1.307.388 прегледи на линковите, од кои половина по чиста случајност се од втората верзија.
Број на регистрирани корисници 203.
(via Google Analytics)
по прелистувач
Firefox – 66.52 %
Chrome – 24.50%
Opera – 5.45%
Safari – 2.61%
Останати – 0,49%
По локација (топ 5)
Македонија – 90.57%
САД – 3.3%
Бугарија – 1.21%
Србија – 0.82%
Канада – 0.53%
Останати – 3.57%
Топ Реферали
Twitter
Google
Facebook
IT.com.mk
YouTube
use0mk е php класа која можете да ја искористите за полесно имплементирање на API-от на 0.mk во вашата апликација. Со објавување на нови функции во API системот ќе биде надградувана и оваа класа.
Упатство за користење:
Вчитување на класата:
include(‘use0mk.class.php’);
Креирање на објект:
$use0mk = new use0mk();
Доколку сакате да се најавите додадете го корисничкото име и api клучот како параметри при креирањето на објектот.
пример:
$use0mk = new use0mk(“0mkapi”, “1a7854a2226925282e54d1a01af5058c”);
Наредби:
пример:
$use0mk->shortenUrl(“http://google.com/”);
Ако кратењето е успешно функцијата ќе го врати краткиот линк.
Ако не, ќе го добиете истиот линк кој го внесовте.
пример:
$use0mk->previewUrl(“http://0.mk/example”);
Ако линкот е валиден и постои во базата функцијата ќе го врати долгиот
линк.
Ако не, ќе го добиете истиот линк кој го внесовте.
пример:
$use0mk->shortenAll(“Tekst: http://google.com/ http://yahoo.com”);
Сите линкови во текстот ќе бидат испратени за кратење и постоечките
долги линкови ќе бидат заменети со новодобиените кратки линкови.
Доколку кратењето на некој од линковите е неуспешно, тој линк нема
да биде заменет.
Новите верзии на класата ќе бидат објавувани на http://0.mk/use0mk
Среќно кратење :)
Од денес листата со вашите скратени линкови ви е достапна на уште еден начин – преку RSS канал кој ги содржи вашите последни 20 скратени линкови. Линкот до каналот е приватен и го добивате само вие, а истиот е достапен во вашиот кориснички панел.

Сеуште не сте регистрирани? Регистрирајте се.
Преку API-от на 0.mk можете да ја поврзете вашата апликација да го користи сервисот за кратење. За искористување на можностите на втората верзија на сервисот подготвивме нова верзија и на овој интерфејс.
За сега функциите кои може да се вршат остануваат истите (кратење и преглед), но во најскоро време ќе бидат додадени уште некои. Главна новост е тоа што овозможено е најавувањето на корисниците при што линковите при кратење ќе се појават во вашиот кориснички панел. Резултатот кој во првата верзија беше достапен само во plain text формат, сега е достапен во уште 2 формати – json и xml.
Првата верзија на API-от продолжува да работи исто како до сега, значи нема да имате никаков проблем доколку веќе ја имате имплементирано во вашиот систем.
По седум месеци од стартувањето и успешна работа, вечерва во работа е пуштена втората верзија на системот. Голема благодарност за поддршката од сите корисници, која постојано ни даваше (и ни дава) мотивација да продолжиме со развивањето на системот. Верзијата сеуште е BETA и можни се неочекувани грешки. За сите предлози, забелешки или слично можете да не контактирате или да оставите коментар под овој пост.
Некои од поважните новости и измени во системот се:
Во изработка се и други можности кои за одредено време ќе станат дел од сервисот.