0.mk
0.mk - верзија 2

По седум месеци од стартувањето и успешна работа, вечерва во работа е пуштена втората верзија на системот. Голема благодарност за поддршката од сите корисници, која постојано ни даваше (и ни дава) мотивација да продолжиме со развивањето на системот. Верзијата сеуште е BETA и можни се неочекувани грешки. За сите предлози, забелешки или слично можете да не контактирате или да оставите коментар под овој пост.

Некои од поважните новости и измени во системот се:

  • Блог - До сега сите новости во врска со сервисот се објавуваа преку Twitter и Facebook, но не секогаш 140 карактери се доволни за да се напишат сите потребни информации. Затоа со новата верзија доаѓа и овој блог на кој ќе бидат објавувани сите поголеми измени.
  • Кориснички профили – Главната новост се токму корисничките профили. Преку вашиот кориснички панел ќе можете да пристапите до сите ваши скратени линкови, да избришете некој доколку ви е непотребен и сл.
  • Нов дизајн – Постоечкиот дизајн не одговараше за потребите во оваа верзија, па затоа сервисот е целосно редизајниран. Се надеваме дека ќе ви се допадне :)
  • Преглед на линк – Отстранет е формуларот кој во првата верзија служеше за вметнување на краток линк и добивање на долгиот. Сега, за преглед на долгиот линк, потребно е само да се додаде „?“ на крајот од краткиот линк (пр. http://0.mk/example?).
  • Бришење на линк – За да избришете некој линк (надвор од корисничкиот панел) потребно е да ги имате линкот и кодот за бришење, наспроти првата верзија во која доволен беше само кодот.
  • Пријавување на линк – Доколку забележите некој линк кој мислите дека ги прекршува нашите правила, можете да го пријавите и истиот ќе биде разгледан од наша страна.

Во изработка се и други можности кои за одредено време ќе станат дел од сервисот.

  1. 0mk posted this
blog comments powered by Disqus